1 Timothy 4
1 А Духот јасно зборува дека во последните времиња некои ќе отстапат од верата, слушајќи измамливи духови и ѓаволски учења,
2 преку лицемерството на оние, што зборуваат лага и имаат жигосана совест;
3 кои што забрануваат да се стапува во брак и советуваат воздржување од јадења, што ги создал Бог, верните да ги јадат со благодарност и оние, што ја познаа вистината.
4 Оти секое творение Божјо е добро и ништо не е за отфрлување, штом се прима со благодарност,
5 бидејќи се осветува преку словото Божјо и со молитва.
6 Кога ќе ги советуваш во ова браќата, ќе бидеш добар слуга на Исуса Христа, хранет со зборовите на верата и на доброто учење, што си го примил.
7 Од погани и бапски приказни одбегнувај, туку обучувај се во побожност;
8 оти телесното обучување е малку корисно, а побожноста е полезна за сѐ, бидејќи во себе има ветување за сегашниот и за идниот живот.
9 Тие зборови се верни и достојни за секакво примање,
10 затоа и се трудиме и укори трпиме, оти се надеваме на живиот Бог, Кој е Спасител на сите луѓе, а посебно на верните.
11 Ова препорачувај го и поучувај!
12 Никој нека не ја презира твојата младост, туку на верните да им служиш како пример во словото, животот, љубовта, духот, верата и чистотата!
13 Додека дојдам, занимавај се со читање, со утешување и со поучување!
14 Не занемарувај ја дарбата што е во тебе, и која што ти беше дадена преку пророштво со полагање раце врз тебе од свештенството!
15 Грижи се за тоа, биди во него, та успехот твој да се покаже во сѐ!
16 Пази на себе и на учењето; биди постојано во тоа, оти, ако постапуваш така, ќе се спасиш и сам и оние што те слушаат.